МАРТИН – ЏИН СО ЈУЖНОКОРЕЈСКАТА ОПРЕМА

Параглајдерство: Светски куп за прелети во Крушево

На втората трка го освои првото место и се бори докрај за медал

Sekogas megju pobednicite - Martin JovanoskiНајдобриот македонски параглајдерист, Мартин Јованоски (ПК Делта Прилеп) блесна на вториот ден од Светскиот куп во дисциплината прелети, во Крушево. Во конкуренција на 116 пилоти од  светот, го запоседна првото место, затоа што за најдобро време прелета 79,83 километри. Зад него е Словенецот Јошт Напрет, а трет Швајцарецот Стефан Моргенталер. 

– Мислев оти реалниот дострел е 60. место. Но, кога пред нецела недела, на истото место, на Украина – Унгарија ОПЕН бев трет, си реков ништо не се подобри. Ги надминувам сите – вели Јованоски.

Светскиот куп почна во неделата со првата трка, каде меѓу 117 пилоти, Јованоски беше солиден, на 25. место. Силите како да ги чуваше за понеделникот, за втората трка, кога направи огромен скок на табелата, кон вкупното трето место, загрозувајќи ги првиот Моргенталер и вториот Напрет. До завршниот турнус викендов, може да се очекува атак на златниот медал од страна на младиот прилепчанец, кој во минатото знае како е на пиедестал и може да се пофали со бронза од Светското првенство 2007 во Литванија.

– Моја дисциплина беше прецизно слетување, а во прелети допрва ќе се приближувам до врвот. Ја постигнав целта за светскиот куп, а сé останато, ако направам, би било плус – истакнува Јованоски.

Nezapirliv so noviot paraglajder - Martin JovanoskiКога редеше победи во прецизно слетување беше предизвикуван од изјавите дека треба да се проба и во другата, потешка дисциплина. Дали навистина е потешка останува за дискусија. Еве, дојде време и тука даго  запоседне “престолот”. Практично, Мартин станува “цар” во двете дисциплини. Од тој аспект, ќе биде единствениот кому успева да победува каде ќе се појави. Овојпат значаен фактор е новата опрема.

– Летам со новиот параглајдер “Џин” од Јужна Кореја и ефектот се гледа. По вакви високи резултати, редно е и нашата држава да помогне – порачува Мартин Јованоски.

Параглајдеристите од целиот свет прво летаа од Крушево над Демир Хисар, Манастирот Трескавец, Мариово до Аеродром Мало Коњари, а вториот пат од Крушево, преку Дебреште, Манастирот Трескавец, Битола, Кривогаштани до аеродромот Мало Коњари, практично над сите убавини од овој регион на Македонија.

Loading