ПЕТРЕСКИ ПАК НА КОРМИЛОТО

Победа

Pak prv strateg - Zlatko PetreskiПобеда се раздели со Јане Николоски и тренер на екипата пак е Златко Петрески со помошниците Сребре Стефаноски и Блаже Смоквоски. Тие стартуваа со подготовките на стадионот “Гоце Делчев”, после на Могила. Се работи на кондициски план, а од наредната недела со топка. Предвидени се пет – шест пријателски.

Има промени во играчкиот кадар. Недостасуваат Ацески, кој заминат во Хрватска, В. Митревски во Пелистер, Илијовски во Царев Двор, Талески во Металург, Момироски на проба во Чешка. Го нема голманот Кебакоски, а напаѓачот Гешоски не се изјаснил. Постигнат е договор со Мегленски, Ф. Мирчески, Петрески. Останатите 15-16 првотимци се очекува да играат наредната сезона. Постепено се приклучуваат млади, надежни.

Во Победа не се зборува за амбициите, оти јасно е дека само првото место е целта и враќањето во Втората лига.

Loading