СОСТАНОК В СРЕДА

Трета

Активностите не запираат во раководството на Третата лига – Југ за што поподготвено да се дочека новото првенство. За в среда е закажан состанок со претставниците на сите 12 клуба: Победа, 11 Октомври, Партизан Обршани, Млекар Мало Коњари, Варош, Големо Коњари (Прилеп), Борец, Бабуна Мартолци, Превалец (Велес), Вардар (Неготино), Д. Езеро нов Дојран (Гевгелија) и Ц. Ѕвезда Јосифово (Валандово). На средбата ќе биде дефиниран системот, двокружен класичен со 22 кола или основен од 22 плус пет со плеј оф. Стартот е предвиден за 24 или 31 август.

По сите неизвесности куп мечот Победа – Младост К. ќе се одигра на почетокот од август, а победникот ќе се сретне со прволигашот Металург, додека 11 Октомври го чека Шкупи.

Loading