ОВА НЕ СМЕЕШЕ ДА СЕ ДОЗВОЛИ

Став за Победа – Миле Талески, новинар

Она што и се случи на Победа со имиџот граден 73 години не смееше да се дозволи. Не смееја да дозволат најповиканите што го водат овој спорт, вклучително ФФМ. Нејзиниот претседател беше играч на Победа. Има ли барем една клетка од неговиот организам да помисли на овој клуб? И Вардар отпадна, ама за Скопјани се најде начин за опстанок. Победа наместо да оди во Прва, стаса повторно во Третата лига. Не е ли срамота името Победа да е во Трета лига? Играше таму и пред четири години со измислена казна. Кој клуб во светот е казнет со осум години затвор?! Не е казната за ФК Победа, туку за Прилепчаните, кои на стадионот доаѓаа над 20 илјади!

Еден излез имам, а тоа треба да го направат тие што го водат градов и фудбалот во Прилеп: делегација заедно со ФФМ да појди до ФИФА и УЕФА да побара укинување на суспензијата и Победа да се врати кај што í е местото.

Loading