БАВАРСКИ ЌАТИП ЗА НАШ ПИВОПИЕЦ

Drzi kondicija so pivo trening sekoj  den - Hristijan ApostoloskiДека навистина е љубител на пивото, 23-годишниот Кристијан Апостолоски се докажал дури и на октобар фест во Минхен, Германија. Од организаторите на фестивалот, добил “пофалница за задоволство на пивопијач”, поради најголема испиена количина пиво. Тој вели дека легнува со пиво, станува со пиво, и секогаш едно си чува под кревет. Каде и да оди, најмалку едно шише или лименка носи под мишка. Тој е “заложник” на  пивото, а не е алкохоличар.

Првото пиво го испил на 14 годишна возраст, кога се опијанил од мала лименка пиво. Пивото посебно му “легнува” со екипата, каде пивопијачите “дробат” машки муабети. Во “време” за пиење, келнерите не го ни прашуваат, туку само носат без нарачка. Дали лето или зима, секогаш друшка со пиво има. Ужива во вкусот, а поводот за дегустација сам си најдува. Пивото го преферира поради вкусот, малиот процент на алкохол. Затоа  кога се пие нема доста, туку има измореност  на мускулите на рацете од кревање на чашите.

– Пиеш, се празниш, пиеш – се празниш, раат си. Тоа е лезетски пијалок. Ќе уриваме сопствени рекорди со екипата и на Пиво фестот – најавува Христијан.

Loading