ГОЛЕМИ ОЧЕКУВАЊА

Ракомет

Одмор е во ракометот и речиси ништо не се случува, додека нé стартуваат подготовките. Сепак, популарен и со долга традиција е овој спорт. Приврзаниците се љубопитни што наесен ќе се понуди. Очекувањата се големи, со надеж за поуспешна сезона, со поквалитетни мечеви. По четиригодишна пауза машкиот ракомет со РК Прилеп се враќа на суперлигашка сцена. Оттука со нетрпение се чекаат противниците како Пелистер, Зомимак, а во плејофот Вардар и Металург. РК Прилеп за подостојно претставување се засилува со голманот Дупјачанец и бекот Цветкоски.

Управата на женскиот суперлигаш Жито Прилеп вети консолидација, постепено враќање на стариот колосек, обезбедување услови за нормални тренинзи и натпревари во салата Сонце. Добро е да се задржи вредното од играчкиот кадар, а да се доведе некое засилување ако е можно. Желбите се едно, а можностите ќе ги каже времето. Стартот на подготовките е во август кога ќе се знае дали се презема нешто подобро. Прв показател е ангажирањето тренер, оти без тренер не личи клуб како Жито Прилеп.

Loading