ЦЕЛ СВЕТ ВО КРУШЕВО

Параглајдерство

Еден на изглед мал спорт, но мошне значаен за нашава држава е параглајдерството. Тоа се потврдува деновиве кога во Крушево се одржува Украинско – унгарското првенство и Светски куп во прелети. Над Пелагонија летаат 151 врвни пилоти од 19 земји, од најблиските Србија, Бугарија и Грција до далечните Јужна Африка, Непал, Кина, Индија и Јапонија. Македонија достојно ја претставуваат Јован Северов, Игор Тодевски и Мартин Јованоски (трето место). Организаторите од Украина се воодушевени од гостопримството и природните убавини и со задоволство најавуваат дека тука остануваат до средината на август.

Тренинзите и натпреварите се пред голем број љубопитни туристи од цел свет, кои со нетрпение ја чекаат последната серија за распределба на медалите кај најуспешните во Крушево.

Loading