МЕДАЛИ И ЛИЦЕНЦИ ОД УМАГ

Ракомет

Како секој важен меѓународен натпревар и Светскиот куп за кадети и јуниори во Умаг, Хрватска, помина со прилепски белег. Близначките Мишела и Маријана Димоски, прворангирани на светската кадетска листа, сега во јуниорска конкуренција за ката освоија бронзени медали, со тоа и први бодови за Македонија. Мишела до третото место стигна со победи над претставнички од Индија, Австрија, Украина и Хрватска, а во полуфинале  загуби од Италијанка, актуелна европска првенка. Маријана до бронзата дојде со победи над ривалки од Хрватска, Србија и Шведска, а загуби од Италијанка, трета на Европско. Резултатот е четврти во низа на светските купови од каде близначките се враќаат со трофеи. По нивните стапки е кадетката Киријана Камческа, исто со освоена бронза со победи над противнички од Австрија, Хрватска и Грција. 

Loading