БЕЗ ПОЛОВИНА ТИМ ОДЛИЧНИ

Гимнастика

Trenerot Zlatko Angeleski so nagradenite gimnasticarkiЛетото ги пресели гимнастичарите во Охрид. И од таму пак одлични настапи на членовите од КГС Партизан Соколи на Златко Ангелески. Покрај отсуствата на половина тим, гимнастичарите освоија 22 медали во повеќебојот, натпревари со забавна димензија, како скок од место, трчање на 400 метри, пикадо, кајак, влечење јаже… Во генерален пласман се втори во женска и машка конкуренција, а поодделно први екипно за младинки и помлади пионери, а втори кај постарите пионерки. Поединечно блеснаа шампионите Дамјан Стојаноски и Ивана Јанкоска, втори беа Теа Велкоска и Андреа Ангелкоска, трети Теа Манеска, Димитар Илиоски и Ирена Димоска.

До крајот на летото нема многу одмор за гимнастичарите оти се предвидени подготовки во Бугарија, Србија и Хрватска.

Loading