НОВИ НАДЕЖИ

Победа

Секојдневно се менуваат информациите и расположението околу Победа. Прво се зборуваше за опцијата на фузија со второлигаш, потоа се случи одлуката да се прифати статусот третолигаш, но тука не завршуваат настаните. Во последен момент од блиски на фудбалската федерација се дознава за можноста за откажување на второлигашки клуб, а во тој случај еден од кандидатите за пополнување е Победа. Деновиве минуваат во исчекување. Во клубот посакуваат што побрзо да се расчисти оваа дилема за да се знае што натаму, со каков буџет и кадар.

Во меѓувреме, дел од фудбалерите се на проба или преговори со второлигаши и прволигаши, а спроти стартот на подготовките ќе се знае кои ќе продолжат во Победа.

Loading