Младиот пејач Ален Хасановиќ од селото Лажани, финалистот од првата сезона на шоуто “Сите наши песни” на МРТ, се закити со четири награди на годинешниот “Канео фест” во Охрид.
Дваесет и две годишниот Хасановиќ ги освои симпатиите и на жирито и на публиката. Во неговите раце отидоа и наградите за интерпретација и аранжман. Комплетен автор е на музиката, текстот и аранжманот на песната “Кога сфатив”. Тој го најави првиот видео спот за новата песна.