РИСТЕСКИ КРАЈ КРАВАЈЧИЊАТА ВО МАЛО КОЊАРИ

Odbelezan Ivanden vo Malo KonjariЗа верскиот празник Иванден, градоначалникот Марјан Ристески ја следеше празничната литургија во црквата Света Богородица во селото Мало Коњари. Според адетот, жителите го одбележаа празникот со традиционалните кравајчиња, украсени со бонбончиња во боја.

Постарите кажуваат дека за Иванден се пеела песната “Тајане, Бојане…” околу ѓумче, а повозрасните меселе кравајче. Денот бил трепет за момите. Зашто некои верувале дека првата мома која ќе добие од кравајчето, ќе се омажи брзо, или тоа значело дека ќе биде блага, а не лута.  

Loading