УШТЕ МАЛКУ ИСЧЕКУВАЊЕ

Победа

Без оглед на разочарувањето со падот во Третата лига – Југ, Победа останува ненадминат спортски бренд што треба да се чува. Навивачите се во исчекување што натаму. Доброупатените велат дека е предвиден состанок меѓу сите финансиери за да се дефинира планот, пред сé, големината на буџетот, а со тоа и условите за тренерите и фудбалерите. Од друга страна, фудбалерите прво ги чекаат деталите да одлучат дали да заминат или и наесен да го носат истиот дрес. Се очекува и датумот за старт на Лигата, според кој е ориентацијата околу подготовките.

Со оглед на скусувањето од 16 на 12 тима, имало предлог за трокружен систем во Третата лига – Југ.

Loading