ДУПЈАЧАНЕЦ СЕ ВРАЌА

Ракомет

Машкиот ракометен клуб РК Прилеп влезе во Супер лигата и летово се реализираат засилувања. Преговорите се успешно завршени со голманот Даниел Дупјачанец, кој имаше трофејна сезона во Косово. Меѓу стативите ќе биде и младиот Мартин Трајковски. Нов се очекува во бековската линија, а засега се споменува Бојан Цветкоски, исто така повратник од Косово. Не е исклучено зголемување на конкуренцијата во другите линии. Но, не се отстапува од стратегијата играчкиот кадар да биде претежно домашен.

Суперлигашките почнуваат во септември, а подготовките во август.

Loading