БАРАНИ НА СИТЕ СТРАНИ

Жени

Прекина со активност ЖФК Победа и веднаш фудбалерките ги побараа во други клубови. Тоа е показател дека добро се работело. Прво во Скопје заминаа Милеска, Наумоска, Димкоска, после Милеска, Аџулеска и Чакмакоска се преселија во Кочани. Селидбата не завршува тука, кога Димкоска и Стојаноска отидоа во Дојран. Пролетва во соседна Битола беа повикани најмладите Крстеска, Велеска, Белистојаноска и Наумоска. Најдалеку, во Србија, стигна Костова, а единствено се откажа Кузева.

Клубот сосема не згаснал и можно е да продолжи со млади фудбалерки.

Loading