ДОБАР НАСТАП ВО СОЛУН

Џудо

Мала, но одбрана група од петмина џудисти – сениори успешно го претставуваа ЏК Сеишин на меѓународниот турнир во Солун, Грција. Во конкуренција на 80 учесници од пет земји, освоени се пет медали, што значи ни еден од џудистите не е со празни раце. Најдалеку стигнаа Владимир Талески и Мартин Јаковлески со први места во своите категории. Втори на пиедестал се Христијан Ѓураков и Александар Апостолоски, а трет е Васко Пупуноски.

Полусезоната за клубот завршува, а одморот е до 15 август.

Loading