ФОЛКЛОРНОТО ТВОРЕШТВО Е НАЦИОНАЛНО БОГАТСТВО

40 години фестивал за народни инструменти и песни “Пеце Атанасоски”

Festivalot cuvar na tradicijataДенеска и утре на Рудина, Долнени и низ Прилеп ќе писнат гајдите, ќе тропнат тапанот, ќе одекнат кеманињата, зурлите, кавалите. Ќе ечат изворните инструменти  на 40-тото издание на традиционалниот фестивал на народни инструменти и песни “Пеце Атанасовски”. По неколку годишно одржување во Прилеп, фестивалот се враќа кон корените, на Рудина во Долнени. Тоа е плод на заложбите на градоначалникот Боше Милошески. Свое влијание секако имаа и Прилеп и Министерството за култура.

Фестивалот низ годините ги остварува и уште ја зачувува традицијата.

–  Го негуваме, пренесуваме богатиот македонски фолклор на новите генерации. Го презентираме националниот код во светот, ја зачувуваме автентичноста на македонскиот изворен фолклор – вели Весна Атанасоска Вучиќ, директор на фестивалот.

На ревијалниот и натпреварувачкиот дел ќе учествуваат околу 300 исполнители.

– “И изворната музика нé одржа”. Под ова мото ќе се плетат изворни песни. Љубовта кон културата ја одржа традицијата. Горда сум што ги продолжувам стапките на татко ми Пеце, кој го иницира фестивалот за афирмација на националното наследство – додава Вучиќ.

Неколку дена се одржува семинар за изучување на инструменти и песни на кој учествуваа 18 вљубеници во изворниот мелос од Грција, Бугарија, Македонија. Познати музиколози им ги пренесуваат тајните за свирење на народните инструменти.

Настапите на исполнителите се вечерва на Рудина и утревечер од 19 часот. Утре на неколку локации ќе се свири и пее, а во галеријата ќе се одржи и трибината за “Формите и содржините за презентација на изворниот фолклор”.

Синоќа се промовираше монографијата “Непресушен извор” од новинарот Елизабета Митреска. Дел од текстовите во монографијата се преведени и на англиски и на француски, а издавач е библиотеката “Борка Талески”, со средства на Министерството за култура и на општина Прилеп.

Loading