ТОРТА ЗА ТРЕТИОТ РОДЕНДЕН

Прилеп сити

И малите клубови го свртуваат вниманието кога прават нешто оригинално. Општинскиот А – лигаш Прилеп сити в недела прославува трет роденден. На Могила е најавена роденденска торта за многубројните навивачи. Денот се одбележува и со пријателски меч против екс – третолигашот Тополчани.

Прилеп сити, клуб со интересно име според Манчестер сити, во 2011 година почна во Б лигата, а потоа се пласираше во А. Минатата сезона ја заврши на осмото место. Основното мото е фер – плејот, зашто ништо не е поважно од чистата спортска игра. Сите екипи се пречекани на најубав начин, а истото се враќа на гости, практика од која не отстапува основачот и тренер, Коста Мирчески.

Loading