СПОНЗОРИТЕ ОСТАНУВААТ

Фудбал

Победа отпадна во Третата лига – Југ, не се остварија шпекулациите за спојување со второлигашот Еуромилк и добра вест во оваа ситуација е што спонзорите и натаму остануваат. На состанокот со фудбалерите и тренерите било соопштено дека буџетот за наредната сезона ќе биде значително помал поради понискиот ранг. Оттука, за играчите секој поединечно е изјаснувањето до понеделник да одлучат дали ќе го носат истиот дрес.

Стартот на подготовките не е одреден и зависи од почетокот на Лигата.

Loading