МОЗОК Е ИВАН ЦАПЕСКИ

Шах

Шаховската школа дава резултати, а тоа не е изненадување кога работи велемајсторот Звонко Станојоски. Успех е постигнат на младинските првенства во Струга, каде прилепчанчињата покажаа голем талент на црно – белите табли. Во најмалата возраст до осум години се појави дете – мозок Иван Цапески, кој го освои првото место со пет победи на пет меча. Таму втор е Александар Николоски. Во категоријата до 10 години шести е Матеј Ѕвездакоски, 10-ти Александар Бонески, а 12-ти Никола Бонески.

Во највозрасната група до 14 години високо, петто место е за Давид Манески.

Loading