ПЕНЗИОНЕРИТЕ СО ПЕХАР И 13 ЗЛАТА

19-ти регионални спортски пензионерски игри во Крушево

Odmor po penionersko druzenje“Копјата” на спортски план ги вкрстија пензионерите од југозападниот регион во минатиот викенд во Крушево. Учествуваа 171 натпреварувачи во 11 дисциплини од Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар и, домаќинот, Крушево. Дури 13 пати се качија на тронот во екипна и поединечна конкуренција нашите пензионерки и пензионери, кои станаа и севкупни победници.

Интересно беше да се биде со спортски настроените пензионери, некои од нив некогашни спортисти, кои уште ги држи кондицијата и спортските вештини за високи резултати.

На спортскиот терен на “Гумење” најпрвин луѓето од третото доба се загреваа и ги следеа упатствата и советите на тренерите, а потоа на спортското борилиште ги покажаа своите способности во трчање на 80 и 60 метри, фрлање џуле, тргање јаже, стрелаштво, двобој и тробој, скок од место, шах, табла, пикадо и домино во  категориите пензионерки и пензионери под 60 и над 70 години. Бабите и дедовците демонстрираа борбеност и умешност. Потврдија дека годините не се важни за го фрлат ѓулето, да трчаат, да скокаат, да гаѓаат…

Tegneje jaze vo sedmata i osmata decenija od zivototНашите пензионери ги засенија конкурентите од другите градови и постигнаа најдобри резултати. На пензионерската олимпијада во Тетово ќе патуваат мажите и жените од прилепското пензионерско здружение, кои ги освоија првите места во тргање јаже, стрелаштво со воздушна пушка – пензионерките, во шах пензионерите. Поединечно признанија за први места добија Димко Мијајлески и Маријана Пешталеска во фрлање ѓуле, Мице Мицкоски во трчање на 80 метри до 60 години, Миле Трпкоски над 60 години, Љубица Јошеска на 60 метри до 60 години, Мирослав Кузманоски во скок од место, Симон Цветкоски, тробој, (трчање, скок од место и фрлање ѓуле), Лилјана Ѓорѓиеска, двобој и Славица Јованова во табла. Битолчани гаѓаа најпрецизно, а нивниот член Ристо Дончев играше најдобро домино. Во табла прв беше претставникот на Крушево, Никола Атанасоски, а пензионерките, домаќинки, беа најдобри во шах. Ресенските пензионерки имаа најостро око за пикадо, а Слободанка Талевска беше најдобра во домино.

На навештите им беа доделени дипломи и признанија. Прилеп го доби пехарот за целосен, највисок пласман. Високите резултати им ги честита претседателот на СЗПМ, Драги Аргировски во хотелот Монтана Палас, каде продолжи дружењето со песна и игра.

Loading