ДВЕСТЕ БАБИ И ДЕДОВЦИ ЌЕ ПЕАТ И ИГРААТ

Утре во ЦК “Марко Цепенков” ќе се одржи манифестацијата “Пензионерите пеат”

Babite peat pesni od nivnite babi - Kud ,,Penka Koteska,,Во Здружението на пензионери од Прилеп работат друштвата КУД “Пензионер”, со мешовит состав на 27 пеачи, кое негува староградски песни и КУД “Пенка Котеска”, со осум исполнителки, поддржани од пет инструменталисти, што е женско друштво кое ги одржува и афирмира изворните народни песни. Културноуметничките друштва постојат да ги освежат и да го разубават третото доба. Зашто виталните и здрави пензионери не се предаваат, уште се активни, пеат, свират, се дружат, да не се заборават, односно активно стареат. 

Комисијата за културно-забавен живот на ЗП Прилеп, предводена од Благоја Спиркоски, со КУД се залага за поголема опфатеност на пензионерите во разновидни активности и манифестации со цел да се збогати и прошири културно забавниот живот, да се учествува на што повеќе манифестации, организирани по повод значајни настани, празници и јубилеи на локално, регионално и државно ниво, и успешно презентирање и афирмирање на македонските изворни и староградски песни, музика, носии и обичаи, односно соодветно презентирање на нашето фолклорно творештво и наследство. Членовите на овие две КУД, без пари и надоместоци, пеат, свират и играат, се дружат со цел годините да им бидат поисполнети и повесели.

Penzinerite sekogas raspeaniНа локално ниво, двете КУД учествуваат на одбележувањата на роденденот на Гоце Делчев на 4 февруари, за Осми март, 4 мај, за патрониот празник на разгранокот, 2 Август, 8 Септември, 20 септември, денот на пензионерите, 11 Октомври, како и за новогодишните и велигденските празници. Ги развеселуваат и штитениците на старскиот дом и пензионерите и жителите на Кривогаштани и Тополчани.

На регионално ниво, КУД учествува на регионалната ревија на песни, музика и игри во Струга заедно со КУД од Битола, Крушево, Ресен, Охрид, Кичево, Дебар и Македонски брод. Годинава, двете КУД по десеттипат ќе учествуваат  и ќе бидат домаќини на манифестацијата “Пензионерите пеат”, што ќе се одржи утре во ЦК “Марко Цепенков” од 10 часот, каде ќе учествуваат и две друштва од Кавадарци, Неготино, Богданци, Битола, Велес, Валандово и Гевгелија. Домаќините ќе нагостат околу 200 гости , а на учесниците ќе им поделат благодарници.

Едно КУД ќе учествува и на регионалната ревија на песни и игри во Кочани и на годинашното Прилепско културно лето заедно со битолското КУД “Сирма војвода”. На државно ниво, КУД учествуваше на државната ревија на песни игри во Универзалната сала во Скопје. Идната недела ќе бидат гости и на Фестивалот на народни инструменти и песни “Пеце Атанасоски” во Долнени. За Илинден, двете КУД ќе можат да ги видат и чујат и посетителите на манифестацијата , “Крушево- етно град” и на собирот на Македонците од Егејска Македонија во селото Трново. Од грлата ќе екнат песните на пензионерите и на манифестацијата “Илинденски денови: во Битола. Афирмација на староградската музика ќе имаат и на “Охридските староградски средби”. 

Loading