НАШ ТРЕНЕР ВО КЛУБОТ НА ГАДАФИ

Фудбал: Дарко Крстески работеше во Либија

Стадионите се без публика, оти нема полиција – вели Крстески

Trener na nadareni, no mrzelivi fudbaleri  - Darko KrsteskiСедум месеци во Либија работеше Дарко Крстески, фудбалски тренер. Беше во престолнината Триполи, во Ал Итихад, клуб на поранешниот претседател Моамер ел Гадафи. Кога Гадафи се споменува, се знае за каков спортски колектив се работи, најпопуларен и најтрофеен во земјата. И три години по неговата смрт, Ал Итихад опстојува и ангажира фудбалери и стручњаци од странство, показател за финансиската моќ.

– Воопшто не разговаравме за условите. Беа фантастични, подобри од најдобрите времиња. Изгледаше чудно како сега нудат толку во криза. Има логика, во добро светло се покажуваат во светот. За трансфер плаќаат по два милиони, а еден играч зема пет до 15 илјади евра месечна плата. Ако доцни десетина дена, даваат образложение. Не се случи да не исплатат. Се работи професионално во одлични услови, со терени, фитнес, џакузи. Бевме на подготовки во Турција – вели Крстески.

Првенството е необично, натпреварите се играат во празни стадиони. Публика не е дозволена, оти нема кој да обезбедува, бидејќи после револуцијата институциите се слаби. Нема полиција. Полицајците се со бради, нестандардно облечени, во тренерки и патики. Секојдневие се протестите, судири, бомби, детонации, рафали… Многу оружје е останато кај населението. Феномен е кога секој гледа да извлече жива глава, а народот пак бара фудбал, единствената забава.

Fudbal vo Libija pred prazni tribini– За фудбал се фанатици, загреани, како кај нас пред 30 години. Тренерот Смиљаниќ кажуваше дека се преполнуваат стадионите. При радост за гол, паѓаат од балкони. Метеж е. Да дојдат 10 илјади гледачи и 15 илјади полицајци не можат да излезат на крај – оценува Крстески.

Во Либија нема услови и Крстески тренерскиот занает ќе го применува во друга земја. Беше во Црвена звезда, Србија, Црна Гора, Јордан, Малта, а не гледа можност да се врати во Прилеп, во клубовите каде работеше, 11 Октомври и Победа.

Бразилци, а мрзи

Крстески со тренерот Бранко Смиљаниќ и асистентот Раде Залад мака мачеле со домашните фудбалери да ги научат на професионализам. Слаби се со тактика и кондиција, а одлични со техника.

– Ескивираат од тренинзи. За трчање се големи мрзи, а со топка се Бразилци – забележува Крстески.

Loading