Баскерфест денеска и утре
Баскерфест, единствениот уличен забавен фестивал во земјава, денеска и утре патувачкиот карван ќе го пресели на плоштадот. Од 19 часот на отворено ќе може да се ужива во жонглирањето со оган, во магионичарските трикови, танцовите на познатите брејкденсери од САД. Н уличниот театар е најавено и присуство на удирачката сензација “Барбароса Самба Груп” од Романија и Колумбијката Каролина, која има исклучително опасни точки, како и многу други уметници и забавувачи.