В недела
Околу педесетина прилепски моторџии од три мото клуба в недела околу пладне половина час ќе дефилираат низ улиците на градот со цел да се подигне јавната свест за безбедно возење мотоцикли. Јавачите на две тркала ќе ја афирмираат безбедноста, бидејќи често се мета на сообраќајки, а тие се носители на сообраќајни незгоди.
Парадно возење на мотоцикли имаше и во Кривогаштани. Околу триесетина моторџии масовно се вклучија во едукативниот собир под мотото “Безбедно на мотор”, возејќи од Кривогаштани до селото Обршани и назад.