АЛБАНСКИТЕ НЕВЕСТИ ВО КРИВОГАШТАНИ ЌЕ УЧАТ МАКЕДОНСКИ БЕЗ ПАРИ

Точно 65 албански невести во општината Кривогаштани, во соработка со УНДП, ќе посетуваат бесплатен курс по македонски јазик за полесна комуникација со брачните сопатници, семејството и животната средина. Обуката ќе ја изведуваат петмина едукатори во повеќе села во општината. Станува збор за Албанките кои имаат постојан престој или македонско државјанство.

Едукативната иницијатива ќе трае шест месеци, со која ќе им се овозможи  македонските снаи со албанско потекло во кривогаштанско полесно да се справуваат со секојдневните предизвици при употребата на македонскиот јазик. Тие ќе го изучуваат и македонското писмо. Проектот претендира да ја подбри социјализацијата на жените кои главно имаат проблем со комуникацијата, македонскиот говор и писменост. Тој е поддржан и од Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика и локалната самоуправа.

Loading