ВИТАМИНКА ИСПЛАТИ К15 НА 576 ВРАБОТЕНИ

“Воведувањето на исплатата на К15 како законска обврска е за поздрав, затоа што и вработените во приватниот сектор подеднакво ги заслужуваат овие бенефиции. Тоа е и награда за вработените што ние претходно ја практикувавме преку други начини и стимулации. Одлучивме што побрзо да го исплатиме регресот за годишен одмор, пред одморите, вработените да уживаат во непланираната добивка. Исполнувањето на обврските кон вработените не е новина, независно дали станува збор за законска обврска или наши активности”.

Ова го изјави Сашо Наумоски, генералниот менаџер на Витаминка,  каде работат повеќе од 576 работници.

Законската обврска за исплата на регресот за годишен одмор официјално почна на 1 јуни, а крајниот рок е до крајот на годината. Исплатата е обврска на работодавачите според Општиот колективен договор за стопанствотото. Висината е 40 отсто од просечната нето-плата во земјава за претходниот месец.

Loading