Мајското невреме оштетило околу 27 хектари под лозови насади во атарот на селата Ракле, Никодин, Горно и Долно Радобил. Невремето со град, според Комисијата е околу 2,8 милиони денари.
– Комисијата доби 24 барања за проценка на шети од невремето проследено со град. Ја утврдивме состојбата и го подготвивме извештајот, кој ќе биде доставен до Владата – вели советникот Александар Неделкоски, претседател на Комсијата.