АМЕРИКАНЦИ ГО МЕРКААТ ПРИЛЕП ЗА БИЗНИС

Американска компанија за производство на кабли за автомобилската индустрија од Детроит го мерка Прилеп да инсталира опрема за фабрика. Според нашите извори, Амеркинците барале брзо ефектуирање на технологијата и затоа се интересирале за големи хали кои би ги зеле под наем. Веќе фрлиле око на еден слободен објект од над илјада метри квадратни во близината на градот, во кој би ангажирале, во првата фаза, околу сто работници. Биле информирани дека не ќе им биде тешко да најдат квалификувани работници.

Неодамна и италијански бизнисмен со сопруга од Прилеп, бил во Прилеп во потрага по хала за инсталирање на технологија за производство на еколошко лепило за пакувањата на прехранбената индустрија.

Loading