Пестителите во летната бавча во Липа имаат можност да ги следат натпреварите од светското првенство во комплетно реновиран простор за седење, опремен со три големи флет телевизори во ХД слика. Амбиентот е добредојден за фановите на фудбалот, кои може да уживаат и во квалитетното кафе, ладните пијалоци и добрата храна, подготвена според американско мени. Гостите имаат “шанса” да ги вкусат американските бургери, исклучиво подготвени од телешко месо, филаделфија сендвичите, направени од телешко и пилешко месо, а има и пилешки прсти и крилца.
Реновираната летна бавча на хотелот Липа е одлично место за уживање, не само во вечерните часови. Дебелата сенка создава пријатен амбиент и во најголемите горештини.
Летниот ресторан е подготвен одмор за паузи во работно време, кафе средби со пријатели и релаксација во срцето на градот.
Менаџерскиот тим активно работел и на адаптацијата на внатрешноста на локалот. Во реновираниот ресторан има простор за 80 гости и е идеално место за помали свечености, семејни веселби, коктели и бизнис презентации.