Ќе се подигнува спомен обележје во чест на загинатите руски војници на германските гробишта. Советот даде виза за кревање на обележјето во форма на руски крст за да им се оддаде должна почит на паднатите војници. Споменикот ќе го обезбеди амбасадата на Руската федерација, а на него ќе пишува дека се поставува во слава на руските војници, погребани во Македонија при исполнување на сојузничкиот долг.
Поставувањето на обележјето, според Никола Димески, претседател на Советот на општината, е по повод 100 годишнината од Првата светска војна и 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Русија.
На германските гробишта, кои германската амбасада ги ревитализираше пред неколку години, почиваат и руски војници, потоа загинати од Унгарија, Бугарија и други држави.
Спомен обележја веќе поставија Бугарија и Унгарија.