Зајко

Рипна скокна, еднаш зајко

ја нагази една шајка,

шајката, тој ја клоцна,

во ногата таа го боцна.

 

Си фати брза помош,

пред болница тој слезе,

не чекајќи во ред,

кај лекарот прв влезе.

 

Крварењето да го спречи,

раната да ја лечи,

од лекарот упатство доби,

в градина тој да оди.

 

Со зелка да се храни,

отокот да го смали,

лекарот што му збори,

официјално тој го стори.

 

На три нозе до градината појде,

во паника таму се најде,

до портата Шаро лежи,

зелката да ја пази.

 

Се уплаши зајко сега,

на четири нозе бега,

заборави на сета болка,

и зелка дека ќе делка.

 

Томе Велјановски

Марулецот,

од Гетеборг, Шведска

Loading