УМЕШНОСТА НА УПРАВУВАЊЕТО СО ПАРИТЕ

Економистите во “…Ричко”

Учениците од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” ги посетија учениците од СОУ “Ристе Ристески – Ричко” и остварија соработка во Кариерниот центар, под менторство на професорките Јасминка Димовска и Маргарита Алексоска. Економистите им ги пренесоа на другарите од индустриското училиште вештините во управувањето со финансиите, кои учениците од економското училиште ги стекнаа на слободните часови од проектот “Подготовка за вработување”.

“Да се подигне свеста за ефикасно раководење со пари” беше пораката, која ученичката Сибела Мамудоска од наученото преку презентација им ја долови на учениците од индустриското училиште. Таа успеа на најсоодветен начин да покаже како ефикасно се управува со пари, укажа на техниките за изработување на сопствен буџет и насочи како се управува со долгови. Презентацијата имаше практични вежби, за на крај, учениците опуштено, со игри, покажаа дека разбрале и можат во иднина ефикасно да ги применуват овие методи. 

Loading