МЕДАЛИ ЗА ВЕТЕРАН И ПИОНЕРИ

Пинг – понг

Senzacija vo Bitola - Zoran JovanoskiГенерално гледано во македонскиот пинг – понг доминираат ветерани, но за среќа се јавуваат и надежи. Градов има добри од двете категории. Потврда дојде на последните мечеви. На Меѓународниот турнир од ППК Мултитекс во Битола, второто место, меѓу 55 учесници, го освои 55-годишниот Зоран Јованоски од ППК Младост. Осумпати победуваше и младинци и сениори. На крајот, во финалето, загуби од Ирфан Чекиќ, репрезентативец на Црна Гора, интернационалец во Германија.

Сребрен медал е освоен и во Штип од членовите на Младост 96.  До второто место на Државното екипно младинско првенство стигна пионерскиот состав, Рикалоски, Илиески со Иваноски, што претставува подвиг. Трипати се радуваа, а само еднаш беа поразени во финалето од домашниот “Гоце Делчев”. Викендов се очекуваат медали на Државното пионерско, а потоа и достоен настап на Рикалоски на Балканијадата  во Бурса, Турција.

Loading