Карате
Две сограѓанки Елизабета Димоска и Валентина Пурдеска полагаа за европски судии во Измир, Турција. Димоска ја мина основната Б лиценца за ката, добиена пред три години, надополнувајќи ја со А лиценца ни положи за Б лиценца во борби. Пурдеска ја положи основната Б лиценца во ката и борби, со што Македонија првпат е претставена со женски судии за борби.
Претстојат два меѓународни натпревара, викендов е Балканското за деца во Истанбул, и следната недела Светското универзитетско во Бар, Црна Гора, каде единствен наш судија ќе биде Златко Димоски