ПРВА ПИНГПОНГАРКА

Историја

Според богатата пинг-понгарска историја, прва прилепчанка која се вклучила во овој спорт е Љупка Дворчанец. Претходно успешно играла одбојка, кошарка и ракомет, а нејзиниот пинг-понгарски талент околу 1957-1958 година, кога била осмоодделенка, го забележал тренерот Кире Џингоски, упатувајќи ја во некогашната секција на спортското друштво Победа. Била најдобра во градот и меѓу најдобрите во земјава. Била успешен претставник на Економското училиште.

Други девојки од Прилеп кои во тој период се занимавале со пинг-понг се Нада Коруноска, Стефанија Мицкоска, сестрите Лиле и Розе Дамески.

Loading