САМО ПОБЕДИ

Бокс

Уште се свежи впечатоците од организацијата и настапите на боксерскиот спектакл во салата “…Ричко”, а од БК Ас нижат нови успеси. Членовите на овој клуб не респектираат никого и на гостински ринг. Во 4. коло од Државната лига, во Штип, совладани се двајца домашни ривали. Кај пионерите Дамјан Талимче со 3-0 го среди Пешевски, а кај кадетите Серхан Џафероски со истиот резултат беше подобар од Ристовски. Максимален резултат на поени постигна и јуниорот Илија Миноски над Најдов од Скопје.

Кај сениорите немаше противник за Филип Здравески.

Loading