ПОЛОВИНА ЛИГА ПРИЛЕПСКА

Трета

Третата лига – Југ не само што е раководена од прилепчани, на чело со Марјан Стојкоски – Манта, туку од есен ќе биде највисокиот ранг за прилепскииот фудбал и логично со мнозинство екипи од ОФС Прилеп. Дури шест тима се во исто друштво: Победа, 11 Октомври, Партизан Обршани, Млекар Мало Коњари, Варош и Големо Коњари. Преостанатите се од други сојузи Борец, Бабуна Мартолци, Превалец (Велес), Вардар (Неготино), новите Д. Езеро Нов Дојран (Гевгелија) и Ц. Ѕвезда Јосифово (Валандово). Во квалификациите не успеа Обршани со поразот 0-2 од Ц. Ѕвезда и победата 2-1 над Зорбас Победа Мрзенци.

Според пропозициите, првакот игра бараж со еден ривал од останатите четири третолигашки прваци или осмопласираниот од Втора лига. 

Loading