ЛЕТО ЗА КОНСОЛИДАЦИЈА

Ракомет

Долга, летна пауза е во ракометот. Тука е шансата за консолидација во женскиот суперлигаш Жито Прилеп. Изгледа дека е надминат најтешкиот период. По кризата клубот почна ведро да размислува за иднината. Обезбедениот опстанок во елитната конкуренција, носи амбиција за постепено враќање кон позициите, веднаш под најдобрите Вардар СЦБТ и Металург. Според слабиот квалитет на лигата, не е тешко да се избори место за Европа. Сепак, без брзање, чекор по чекор. Можеби е добро за заштеда, што наесен, по петгодишна пауза, првпат Жито Прилеп нема да учествува на меѓународна сцена, каде одигра 19 меча. Фановите очекуваат квалитетен состав, со неколку  нови искусни од страна, придодадени на домашнииот костур, кој собира искуство. Патем треба да се пополни и местото тренер, кое е празно од јануари.

Состојбите во Жито Прилеп ќе се разбиструваат по стартот на подготовките во август.

Loading