Освен новата канделабра наречена “светлечко дрво” на плоштадот “Александрија”, се поставуваат и нови модерни светилки, распоредени по пешачките патеки. Покрај светлината од 20 -те светлосни гранки со енергетски ефикасните лед светилки од гранките на стеблото на “дрвото”, ќе блесне светлината уште од 32 нови канделабри, високи околу три метри со индиректно осветлување, распределени во три групи кои го красат плоштадот. Ново осветлување ќе има и фонтаната пред Комерцијална банка чија комплетна реконструкција се очекува да заврши наскоро. Со контролерот, ламбите ќе светат во различни бои, синхронизирани во ритам на музика и во игра со млазевите на водоскокот во фонтаната. Со реконструкцијата се избегнуваат загуби на водата, се зајакнуваат водоводните цевки и пумпите, а од страните ќе има два гејзери.
Новиот аудио – визуелен изглед на плоштадот се очекува комплетно да блесне со сиот свој сјај пред Фестивалот на пивото и скарата кој почнува на 17 јули.