ОУ “Блаже Конески”
Во организација на Федерацијата на училишен спорт, во Куманово се одржа Државното првенство во атлетика. Меѓу многуте тркачи беше и ученичката Ема Бошеска со менторот, професор Тони Николоски од ОУ “Блаже Конески”. Како и на многу натпревари, и овојпат Ема се качи со гордост на пиедесталот, бидејќи го зазеде третото место.
– Репрезентативка сум, и сум среќна што ги бранам боите на нашата држава, градот и училиштето. Продолжувам со тренирање и посветеност во битка за нови цели и успеси – вели Бошеска.
За одржување на кондицијата и да го подобри времето, летниот распуст í е добредојден.