СО ПРВОТО МЕСТО, ДОМАЌИНИ В ГОДИНА

“ОУ “Кочо Рацин”

Jovana Svakaroska - drzaven prvak po makedonski jazikЈована Сваќароска од ОУ “Кочо Рацин” е првак на 37-от државниот натпревар по македонски јазик за основците во селото Просениково, Струмица. Триумфот на осмоодделенката меѓу 70 учесници, на училиштето му ја донесе честа да биде домаќин на натпреварот в година.

Од 100 поени, надарената Јована освоила дури 99, одговарајќи на 30 прашања од ученото по македонски. Таа  со години е петкаш. До соврешенство í е “испечен” јазикот. Стасала до струмичкото село со освоеното трето место на регионалните тестови.

Граматиката ја владее небаре е таблицата на множење и делење по математиката. Фах í се литературата и читањето на книжевни дела.

Се подготвувала со менторот, професорката по македонски јазик, Зорица Чадамова.

На натпреварите учествувале само осмоодделенци. 

Loading