ФРИЗЕРИ И БЕРБЕРИ НА ОРО

Jovica prv na celo megu frizeriteНа празникот Духовден, берберите и фризерите ги оставија ножиците и бричевите, феновите и пеглите за коса. Го тргнаа алатот за работа од рацете, да се фатат на заедничкото оро и да се забавуваат, прославувајќи го денот на еснафот – Духовден. Спомнувајќи си за празникот и чинот, забележан и во библијата, се собраа првин во храмот Свето Благовештение, па отидоа и на Могила, не заборавајќи го спомен обележјето на првоборецот Андон Слабејко, кој по професија бил бербер.

На традиционалното дружење се собраа над 80 трудољубиви професионалци од најстарите до оние кои штотуку завлегуваат во тајните на берберско – фризерскиот еснаф и го вадат лебот со дотерување на машките и женските глави. Меѓу младите и инвентивни бербери се најде и доајенот на занаетот – Јовица фризерот.

Весело, насмеано беше на патрониот празник. Едно е сигурно, сите беа бричени и со фризури. Самите беа модели и олицетворение на креациите и трендот во средувањето на косата за сезоната пролет – лето.  

Loading