РЕСЕНЦИ СЕ ПРЕЧКА ЗА ПОБЕДА

Фудбал

Razvrskata v nedela - Daniel Koteski (Pobeda)Најтешките квалификации се за Победа, во борбата за опстанок во Втората лига. Првата пречка Влазерими од Кичево е надмината со 3-0 во продолжение, со два гола на Гешоски и еден на Ацески, но работата не е завршена. Претстои дуел со уште еден третолигаш, Младост од Царев Двор, Ресенско. Овој тим има многу битолчани и тренерски тандем Стојчевски – Стерјов. Силата ја покажа во Прилеп со триумф 2-1 над Зајас. По вчерашниот прв меч во Охрид, в недела е реваншот пак на неутралниот терен. Тренерот на Победа, Јане Николоски е сооочен со повредите на Богоески, Карчески и Мегленски.

Втората пресметка е Миравци – Вардар Неготино, по победите 2-0 над кумановски Гоблен, односно 2-1 над струмичка Беласица.

Loading