РАЗБОЈОТ МУ ЛЕЖИ НА БОШЊАК

Гимнастика

Во бугарската престолнина Софија се одржа 30. Европско првенство во спортска гимнастика, а на овој престижен настан меѓу учесниците во сениорска конкуренција беше Дино Бошњак, член на словенечки Марибор, претходно израснат во КГС Партизан Соколи. Самиот настап е од голема важност, во друштво на најдобрите од континентот, а Бошњак се потруди да даде максимум и да стигне до пристоен пласман.

Страшната конкуренција беше присутна во натпреварите на сите шест справи, така што секоја позиција на рангирањето околу средината е задоволителна. Нашиот гимнастичар на партер извежба за 103. место, на коњ со рачки на 88, кругови 96, прескок 101, вратило 93, а според очекувањата најдобар беше на разбој, каде е на 72. место. Веројатно ова беше негова најтешка задача во кариерата, но одлично ја изврши, бидејќи зад него според поените останаа гимнастичари од Швајцарија, Русија, Холандија, Романија, Бугарија… На Европското Бошњак имаше поддршка од тренерот Златко Ангелески.

Loading