КОНТРА АЕРО ЗАКОНИТЕ

Моделарство

На Спортскиот аеродром кај Мало Коњари, во организација на ВФМ и Здружението “Фил Феникс” се одржа Државниот шампионат во воздухопловно моделарство за радиоуправувани модели.

Натпреварувачите од Прилеп, Кавадарци, Скопје, Битола и Охрид имаа идеални просторни, а сложени метеоролошки услови, но ги покажаа врвните квалитети. За нив како да не постоеја законите на аеродинамиката. По трите лета, бодувани според ФАИ, резултатите се на европско ниво на задоволство на селекторот Здравко Тодороски.

Во Ф-3-А победи Недан Пановски од Кавадарци со 1300 поени, во Ф-3-Ј клупскиот другар Гоце Јосифовски со 1112, а во Ф-3-Х и Ф-5-Ј Филип Мировски од Скопје.

Loading