КАКО Е ЗАГУБЕНА ТИТУЛАТА?

Пинг – понг

Екипата на Младост не стигна до целта – освојување на титулата државен првак и оттука незадоволството во клубот. За разлика од есеноска кога тимот заврши на првото место, пролетва се случи пад. Прашањето е како се пропушти шампионскиот трофеј? Можеби има повеќе причини, но изгледа дека пред сé е загубената компактност која го красеше тимот. Долго време заедно настапуваа Зоран Јованоски, Јочкоски со Тошески, а потоа, со образложение за непрофесионален однос, дојде до промена на третиот играч со повратникот Пеце Јованоски.

Титулата е за Работнички, каде има прилепчанец, Андреј Лашкоски.

Loading