Џиуџица
Остварен планот од центарот за боречки вештини Максам на меѓународниот турнир во џиуџица “Македонија опен” во Скопје. Примарна цел беше добивањето искуство, но патем освоен е и медал. До него дојде единствената девојка, Катерина Атанасоска. Се бореше против носителки на бели и сини појаси во тежинска категорија над 60 килограми. Доби борба за влез во полуфинале, пресудната за финале ја загуби и за неа е третото место, што не е неочекувано со оглед на нејзиното искуство. Токму тоа недостасуваше кај клупските другари и сите се поразени со даден отпор, Братислав Зарески, Виктор Николовски, Христијан Граороски и Душан Чавлески Јаникиевиќ.
Следниот турнир е во Хрватска.