ТАНЦ В РИНГ

Бокс

Moment od mecot Jamada - DurmisevСедум борби, секоја со свој печат на вечерта на професионалниот бокс во СОУ “Р. Р. Ричко”. Блесна 18-годишниот штипјанец Севен Дурмишев со победата над 38-годишниот Јапонец, Даисуке Јамада во бантам категорија. Помладиот беше подобар во сите четири рунди со напаѓачка тактика, сила, брзина на струја, удари, а воодушеви со танцот кој си го дозволуваше во моментите на доминација.

– Мераклија сум на шеги и танц. Знам кога да се борам и нападнам, кога да танцувам – вели Дурмишев.

Искусниот Јапонец издржа до крај, со манир на најголем спортист со насмевка го прими поразот и го крена на раце противникот. Пред полната сала беше задоволен од учеството, овозможено од Пробокс Македонија. Со убави спомени за гостопримството замина придружуван од јапонскиот амбасадор од Австрија и претставничката за туризам.

Штета што немаше борба за Дарко Чатлески оти Босанецот не допатува, но во убаво светло беа прилепските надежи против штипјани. Дамјан Талимче на поени го доби Донев, Трајче Илиоски со технички нокаут го победи вториот Пешевски, Серхан Џафероски го совлада Ристовски, Илија Миноски извади нерешено со тетовецот Исмаили. Вториот тетовец Бајрами беше подобар од скопјанецот Јаневски, кај тешкашите скопјанецот Каевиќ го совлада Бугаринот Петров. 

Loading