РАЗЛИКА ВИДЛИВА СО ГОЛО ОКО

Се реновира амбулантата во Кривогашатни  

Voocliva e razlikata od vlozuvanjeto vo ambulantataПартерно ќе се уредува дворната површина со бехатон плочки и зеленило на реновираната амбуланта во Кривогаштани откако се санира објектот. По одобрените 3,1 милиони денари од Министерството за здравство, се обнови здравствениот дом. Саниран е покривот на амбулантата, внатрешно се реновира објектот, се променија прозорците и вратите на амбулантата. Реновиран е и подот во зградата, како и влезните скали. Обновена е и помошната зграда.

Градежните работи започнаа во декември 2013 година. Со реновирањето, жителите на Општината ќе добијат здравствен дом по сите стандарди.

Loading